Imperia Online Вечната слава
- Почеток на 29.04.2024 во 15:00 часот, време по сервер [GMT +2].
- Бесплатна регистрација.
Општи правила и услови
- Се допуштаат регистрации единствено на профили со над 10-то ниво на профилот за верзија 6 и профили со над 500 нето економски поени и регистрирани најмалку една седмица пред почетокот на турнирот за верзија 5. Официјално вработените во Imperia Online немаат право на учество.
Структура на Турнирот
Турнирот “Вечната слава” ќе се одржи во 8 фази, од кои секоја има специфични правила:
1. Фаза Сојузи - времетраење: 2 дена – играчите почнуваат да формираат Сојузи.
- После крајот на фазата сите Сојузи се заклучуваат и играчите немаат право да го напуштаат моменталниот Сојуз или да се придружуваат во нов.
- Сите напади се забранети за време на Фаза Сојузи.
- Ако има играчи без сојуз до крајот на фазата, тие ќе бидат блокирани и нема да можат да продолжат со учество во турнирот.
- Лидерот нема да може да исфрла членови од Сојузот во последните 5 часа од фазата.
- Членовите на даден Сојуз нема да можат да го напуштаат во последните 5 часа од фазата.
- Членовите без сојуз нема да можат да се придружуваат кон сојуз во последните 5 часа од фазата.
2. Фаза Развој - времетраење: 5 или 7 дена – целта на играчите е да собираат нето економски поени, со тоа што ќе ја зголемуваат вкупната нето вредност на Сојузот.
- Сите напади помеѓу играчи се дозволени, но Сојузите не можат да објавуваат војни.
- Во зависност од тоталниот број создадени Сојузи во Светот, Фаза Развој ќе трае 5 дена при најмалку 64 создадени Сојузи или 7 дена при помалко од 64 создадени Сојузи. Така, Топ 64-тите или Топ 32-рите Сојузи (во зависност од тоталниот број) по нето економски поени на крајот од Фаза Развој продолжуваат да се борат во Генералното рангирање и прогресираат кон следната фаза.
- Сојузите кои нема да успеат да се Рангираат на горенаведените позиции и соодветно да напреднат кон Фаза Квалификации, го продолжуваат своето учество во Турнирот во специјално, одделено рангирање наречено “Вечната слава”
3. Фаза Квалификации - времетраење: 2 дена или недостапна (во зависност од бројот создадени Сојузи)
Генерално Рангирање: 64-те Сојузи кои успешно ја преминале Фаза Развој се групираат во четири(4) групи, како што следува:
- Тим 1 во рангирањето после Фаза Развој станува лидер на прва група
- Тим 2 во рангирањето после Фаза Развој станува лидер на втора група
- Тим 3 во рангирањето после Фаза Развој станува лидер на трета група
- Тим 4 во рангирањето после Фаза Развој станува лидер на четврта група
- Тим 5 во рангирањето после Фаза Развој влегува во прва група
- Тим 6 во рангирањето после Фаза Развој влегува во втора група
- Тим 7 во рангирањето после Фаза Развој влегува во трета група
- Тим 8 во рангирањето после Фаза Развој влегува во четврта група
итн. до 64-тиот тим, кој влегува во четврта група.
- После распределувањето на тимовите, секој Сојуз ќе се исправи против друг Сојуз од групата во системски објавена војна според следниот прицип:
- Првиот од групата против Петтиот од групата
- Вториот од групата против Шестиот од групата
- Третиот од групата против Седмиот од групата
итн. до Дванаесеттиот од групата против Шеснаесеттиот од групата.
- Војните продолжуваат точно 2 дена и се на принципот на директна елиминација.
- Сојузите кои изгубиле завршуваат со своето учество во Генералното рангирање, но се префрлаат во рангирањето “Вечната война”, каде што продолжуваат да се борат со преостанатите нерангирани или отпаднати Сојузи за дополнителни, специјални награди.
- Иако Поените Слава немаат однос во директната елиминација и отпаднатиот Сојуз да биде префрлан во Рангирање “Вечната слава”, сојузите победници ќе ги зачувуваат направените Поени Слава низ фазите за да можат после евентуално префрлање да имаат адекватен број Поени Слава според нивното претставување во Генералното Рангирање.
- Војните ќе бидат автоматски објавени на почетокот од фазата.
- Ако никој од Сојузите нема активност и не собере Воени поени во војната, за победник се смета Сојузот со помалку нето економски поени.
Рангирање “Вечна слава”
Сите тимови кои не се Рангирале за Квалификациите или ќе отпаднат од генералното Рангирање за време на турнирот ќе се натпреваруваат во одделна, специјална група, наречена “Вечна слава”.
- Рангирањето во ова рангирање ќе се извршува по Поени Слава. Сојузите ќе собираат Поени Слава преку војување еден со друг.
- Бодувањето станува активно после стартот на фаза Квалификации.
- Поените Слава се пресметуваат по формула која под внимание ги зема нето економските поени на членовите на војувачките Сојузи, како и направените Воени поени за конкретната војна – колку пограндиозна е војната, толку повеќе Поени Слава ќе добие победникот, Ако Сојузот победник многукратно ги надминува нето економските поени на Сојузот кој ја загубил војната, поените Слава кои би ги добил, би биле помалку, отколку ако победи против рамноправен/посилен противник.
- Победениот Сојуз не добива Поени Слава.
- Ако два Сојузи не успејат да освојат дури 1 Воен поен во војната, тие нема да освојат Поени Слава.
- Секој Сојуз има право да биде во војна само се еден Сојуз во даден момент.
- Секој Сојуз има право да објави само 1 војна во конкретната фаза.
- Соодветно, ако на даден Сојуз е објавена војна, тој не може да објавува војна на друг Сојуз.
- Објавувањето на војна може да се случи единствено до 24 часа пред крајот на моменталната фаза од Турнирот. Војните можат да продолжат максимум 2(или 3 за финалната фаза) дена.
- Ако даден Сојуз не објави/не влезе во војна со друг Сојуз за време на моменталната фаза, тој ја губи можноста да собере Поени Слава за конкретниот период.
4. Фаза Шеснаесеттинафинале - времетраење: 2 дена
Генерално рангирање: 32-те Сојузи кои успешно ја преминале Фаза Квалификации повторно се исправаат еден против друг во директна елиминација во секоја конкретна група според следниот принцип:
- Првиот од групата против Петтиот од групата
- Вториот од фрупата против Шестиот од групата
- Третиот од фрупата против Седмиот од групата
- Четвртиот од фрупата против Осмиот од групата.
- Војните продолжуваат точно 2 дена и се на принципот на директна елиминација. Сојузите кои изгубиле завршуваат со своето учество во Генералното рангирање, но се префрлаат во рангирањето “Вечната слава”, каде што продолжуваат да се борат со преостанатите нерангирани или отпаднати Сојузи за дополнителни, специјални награди.
- После крајот на Фаза Шеснаесеттинафинале ќе има пауза од 6 часа во која Сојузите ќе имаат време да се подготват за следната фаза. Сите напади се забранети за време на паузата.
Рангирање “Вечната слава”
- Сојузите во рангирање “Вечната слава” продолжуваат да спроведуваат војни со цел собирање Поени Слава преку кои се борат за специјалните награди. Сите правила и ограничувања се идентични со тие од претходната фаза.
- После крајот на Фаза Шеснаесеттинафинале ќе има пауза од 6 часа во која Сојузите ќе имаат време да се подготват за следната фаза. Сите напади се забранети за време на паузата.
5. Фаза Осминафинале - времетраење: 2 дена
Генерално рангирање: победниците од Фаза Шеснаесеттинафинале ќе се исправат еден против друг според следниот принцип:
- Првиот од групата против Третиот од групата
- Вториот од групата против Четвртиот од групата
- После крајот на Фаза Осминафинале ќе има пауза од 6 часа во која Сојузите ќе имаат време да се подготват за следната фаза. Сите напади се забранети за време на паузата.
Рангирање “Вечната слава”
- Сојузите во рангирање “Вечната слава” продолжуваат да спроведуваат војни со цел собирање Поени Слава преку кои се борат за специјалните награди. Сите правила и ограничувања се идентични со тие од претходната фаза.
- После крајот на Фаза Осминафинале ќе има пауза од 6 часа во која Сојузите ќе имаат време да се подготват за следната фаза. Сите напади се забранети за време на паузата.
6. Фаза Четвртинафинале - времетраење: 2 дена
Генерално рангирање: победниците од Фаза Осминафинале се исправаат еден против друг во директна елиминација за да го биде одреден победникот за конкретната Група.
- После крајот на Фаза Четвртфинале ќе има пауза од 6 часа во која Сојузите ќе имаат време да се подготват за следната фаза. Сите напади се забранети за време на паузата.
Рангирање “Вечната слава”
- Сојузите во рангирање “Вечната слава” продолжуваат да спроведуваат војни со цел собирање Поени Слава преку кои се борат за специјалните награди. Сите правила и ограничувања се идентични со тие од претходната фаза.
- После крајот на Фаза Четвртфинале ќе има пауза од 6 часа во која Сојузите ќе имаат време да се подготват за следната фаза. Сите напади се забранети за време на паузата.
7. Фаза Полуфинале - времетраење: 2 дена
Генерално рангирање: победниците од Фаза Четвртфинале (последните кои останале во својата група), ќе се исправат еден против друг во директна елиминација според следниот принцип: победникот од Група 1 против победникот од Група 3 и победникот од Група 2 против победникот од Група 4.
- После крајот на Фаза Полуфинале ќе има пауза од 6 часа во која Сојузите ќе имаат време да се подготват за следната фаза. Сите напади се забранети за време на паузата.
Рангирање “Вечната слава”
- Сојузите во рангирање “Вечната слава” продолжуваат да спроведуваат војни со цел собирање Поени Слава преку кои се борат за специјалните награди. Сите правила и ограничувања се идентични со тие од претходната фаза.
- После крајот на Фаза Полуфинале ќе има пауза од 6 часа во која Сојузите ќе имаат време да се подготват за следната фаза. Сите напади се забранети за време на паузата.
8. Фаза Финале - времетраење: 3 дена
Генерално рангирање: - победниците од Полуфиналето се исправаат еден против друг за одредување на победник во турнирот. Во меѓувреме, сојузите кои загубиле во Полуфиналето се исправаат еден против друг за одредување на Бронзениот медалист.
За разлика од претходните етапи, овде војната трае 3 дена и за двата судири.
Рангирање “Вечната слава”
Сојузите во рангирање “Вечната слава” се спроведуваат последни војни со цел собирање Поени Слава преку кои се борат за специјалните награди. Сите правила и ограничувања се идентични со тие од претходната фаза.
Основни карактеристики на турнирот
Во ова издание на турнирот ќе ви го претставиме најновото дополнување во империјалните редови - Херојската војска! Четири нови видови единици со специјални вештини, ќе бидат достапни за регрутирање. За таа цел, Вишата Воена Академија ќе треба да биде развиена до ниво 15. Неопходните истражувања се истите како и за елитните единици од соодветниот вид.
- Брзина на развој - х10.
- Сите играчи почнуваат со развиени градби и истражувања блиски до тие за добивање на тешка војска.
- Глобалните настани ќе бидат достапни единствено на почетокот на светот и ќе се појавуваат според следниот принцип:
Мрачната тврдина - ден 3 од почетокот на светот
Черепот на богатството - ден 4 од почетокот на светот
Кулата на знаењето - ден 5 од почетокот на светот
Вечниот замок -ден 6 од почетокот на светот
- Без советник.
- Издржувањето на војската ќе варира во зависност од тоа каков процент составува војската од нето економските поени на играчот.
- Шпионажата е дозволена во секоја фаза од турнирот.
- Уништување на тврдина со непријателски напад ќе дава 5 пати повеќе воени поени отколку досега. На пример, уништена тврдина ниво 1 ќе дава 5, наместо 1 воен поен.
- На почетокот на секоја фаза во турнирот, сите уништени тврдини ќе бидат автоматски поправени.
- Без замоци.
- Без собирни пунктови.
- Без мод Одмор.
- Чувањето на профилот е дозволено само во рамките на сојузот.
- Без празнична заштита.
- Без медал Воин на денот.
- Без достигнувања.
- Без турнири.
- Без дневни мисии.
- Без капитулација.
- Без сојузни предмети.
- Бес ресурсни наоѓалишта.
- Без сојузен развој.
- Без сојузни настани.
- Нема да се доделуваат медали за лигите.
- Ќе бидат достапни Пештерите на Освојувањето. Нема да е достапно рангирање, нема да се доделуваат дневни и седмични награди и нема да е се доделуваат медали на крајот на сезоната.
- Цените на пазарот ќе бидат фиксни според нивните основни вредности и нема да се променуваат за време целиот турнир. Ќе биде достапна опција за размена на ресурси и под напад. Фиксната трговска провизија е - 15% (петнаесет).
- Минимален број членови во сојуз – 10.
- Играчите ќе се придружуваат во сојуз со позиција Командир по подразбирање.
- Сојузите имаат право да гласаат за нов лидер, ако не се задоволни од стариот или тој не е активен во турнирот.
- Од фаза Квалификации до крајот на турнирот, ограничувањето за напаѓање надвор од опсег ќе биде деактивирано.
- Од фаза Квалификации до крајот на турнирот, играчите ќе можат да напаѓаат други играчи единствено ако се во војна со нивниот сојуз.
- Објавувањето на војна помеѓу сојузите кои се во рангирањето “Вечната слава”, како и службено објавените војни во Генералното раниграње, нема да ги чинат ништо сојузите.
- Нападите кои не удриле пред крајот на дадена фаза, ќе се враќаат автоматски.
- Во рангирање “Вечната слава” даден сојуз не може да објавува војна на конкретен друг сојуз повеќе од 1 пат за целиот турнир.
- Во рангирање “Вечната слава” сојузите не можат да објавуваат војна на сојузи кои се со над 5 пати повеќе нето економски поени на членовите.
Награди:
- Сојузите кои завршиле во топ 4 на Генералното рангирање ќе ги добијат големита награди на турнирот. Наградите во дијаманти се распределени по следниот начин: 1-во место - 6 000 000 привремени дијаманти, 2-ро место - 4 000 000 привремени дијаманти, 3-то место - 2 500 000 привремени дијаманти и 4-то место - 1 800 000 привремени дијаманти. Наградата се распределува подеднакво помеѓу членовите на Сојузот.
- Сојузите рангирани од 1-во до 4-то место во рангирање “Вечната слава” ќе добијат ваучер за 1 200 000 привремени дијаманти, а Сојузите рангирани од 5-то до 16-то место во рангирање “Вечната слава” ќе добијат ваучер за 700 000 привремени дијаманти. Наградата се распределува подеднакво помеѓу членовите на сојузот.
- Специјални медали ќе им бидат доделени на играчите според рангирањето на нивниот Сојуз во Рангирањата:
* Бог на Војната, 1500 поени за Сала на Славата – сите играчи од Сојузот рангиран на прво место во генералното рангирање на турнирот.
* Господар на Војната, 1000 поени за Сала на Славата – сите играчи од Сојузот рангиран на второ место во генералното рангирање на турнирот.
* Експерт во Војната, 500 поени за Сала на Славата – сите играчи од Сојузот рангиран на трето место во генералното рангирање на турнирот.
* Вешт во Војната, 200 поени за Сала на Славата – сите играчи од Сојузите рангирани помеѓу 4-то и 8-мо место во генералното рангирање на турнирот.
* Агресор, 100 поени за Сала на Славата – сите играчи од Сојузите рангирани помеѓу 9-то и 16-то место во генералното рангирање на турнирот.
* Доминатор, 50 поени за Сала на Славата – сите играчи од Сојузите рангирани помеѓу 17-то и 32-ро место во генералното рангирање на турнирот.
* Роден во битка, 25 поени за Сала на Славата - – сите играчи од Сојузите рангирани помеѓу 1-во и 4-то место во генералното рангирање на турнирот, како и сите играчи од Сојузите рангирани од 1-во до 16-то место во рангирањето “Вечната слава”.
*Тимот на Империја Онлајн го задржува правото да ги променува правилата на турнирот во секој момент, без претходно предупредување и објаснување на учесниците.